Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Професионалци, луѓе со интегритет ја сочинуваат „Братска листа“ на Демократската партија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалци, луѓе со интегритет ја сочинуваат „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија за Куманово, изјави денеска носителот на листата Иван Стоиљковиќ.

-Иако, станува збор за исклучително квалитетна листа, ние никаде не споменавме дека сме победничка листа. Иако, сите кажуваат дека нивните листи се победнички, а составот на листите е таков што кумановци не ги познаваат. Ние се бориме да бидеме листа која одлучува. Мојот и повикот на „Братска листа“ е повик до граѓаните да ни ја укажат довербата да ги контролираме одлуките на советот на општина Куманово и градоначалникот, не заради лукративни причини, туку зашто градот треба редовно да функционира, рече Стоиљковиќ.

Како пример, носителот на „Братска листа“ ги повика останатите листи кои учествуваат на локалните избори да се откажат од советничкиот паушал, додавајќи дека на неговата листа се поединци кои се оствариле во животот и професијата и се луѓе кои сакаат да го унапредат Куманово. Тој кажа дека во текот на целата кампања немаат кажано ништо против ниту еден опонент, зашто „не нудат програма за справување со луѓе, туку програма за спарување со проблемите во градот“.

Реклама

Листата, според Стоиљковиќ, ќе се залага за решавање на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор, со јакнење на локалниот економски развој, креирање услови за поддршка на младинското вработување.