Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Пресек по третиот квартал од 2025: „Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци

Износот за концесиски надоместоци од Булмак 2016 за четирите општини Пробиштип, Крива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Износот за концесиски надоместоци од Булмак 2016 за четирите општини Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, само за првите девет месеци од 2025 година изнесува 45.420.255 денари.

Како што соопштија од компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096 денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22 отсто се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78 отсто или 45.420.255 денари се слеваат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и на Македонска Каменица.

-Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме, изјави Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

Реклама

Компанијата со навремена исплата на средствата, се наведува, ја покажува и општествената одговорност кон локалната заедница.

-Средствата на локално ниво се распределуваат во четири општини каде што компанијата има активности. Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари. Овој прилив ја нагласува регионалната важност на работењето на рудниците Тораница и Злетово како стабилен извор за финансирање на општински проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги, се наведува во соопштението.

„Булмак 2016“, се додава, останува посветен на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.

-Комбинацијата од стабилно производство и предвидливи уплати создава поголема сигурност за локалните буџети и дополнителен простор за развојни проекти на регионално ниво. Во фокусот на компанијата се безбедноста, ефикасноста и општествена одговорност, со континуирани инвестиции во технологија, модернизација и мерки за заштита на животната средина, во партнерство со локалните заедници, стои во соопштението.