Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Шабан Салиу: Во Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства

Кандидатот на Демократските сили на Ромите (ДСР) за градоначалник на Општина Шуто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на Демократските сили на Ромите (ДСР) за градоначалник на Општина Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, објави видео-обраќање со јасна порака за социјална правда, услужна администрација и транспарентно домување за ранливите категории граѓани, се вели во соопштението од ДСР.

„Не ни треба градоначалник што ја менува партијата како дрес. Ни треба општина што работи услужно,“ порачува Салиу, најавувајќи конкретни мерки за достоинствено домување.

Во фокусот на планот е систем за социјални станови со јасни правила и јавен надзор.

Реклама

 „Ни треба градоначалник што ќе се бори секој жител на Шуто Оризари да има свој дом. Во нашето Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства: за семејствата со најниски приходи, за самохраните родители и за лицата со посебни потреби. Ќе имаме јасни критериуми и јавни листи за распределба на социјалните станови“, вели Салиу.

Салиу нагласува дека приоритет ќе бидат мерливи резултати и институционална одговорност.

 „Затоа што нашите луѓе заслужуваат многу повеќе. Не ветувам чуда — ветувам работа што се гледа и одговорност што се чувствува“, порачува Салиу.

Во завршната порака до граѓаните, Салиу повика на поддршка на локалните избори

 „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ“, вели кандидатот на ДСР за градоначалник на Општина Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу.