Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Прилози

Експерти: Корупцијата е најстрашниот проблем со кој се соочува Македонија

Македонија не завршила со битките, ниту внатре, ниту надвор. Далеку сме од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не завршила со битките, ниту внатре, ниту надвор. Далеку сме од искоренувањето на корупцијата и опоравувањето на скршениот правен систем, како и од етаблирањето на Македонија на меѓународната сцена, коментираат експертите.

Внатрешните непријатели што прават и овозможуваат расад на корупција се пострашни од надворешните бидејќи се недефинирани и привилегирани, недопирливи за законот, коментира претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски. Според него само со системска реорганизација, промена на закони, но и силна политичка волја државата може да се избори со корупцијата, а не со носење на закони за амнестирање и прикривање на кривични дела.

Слушаме преидзборни програми и сите се полни со идеи како да се реши корупцијата, но досега нема преземање конкретни чекори за да се реши, мора системска реорганизација, промена на закони и желба да се бориме. Не да се носат закони да не амнестираат од оговорност, не подразбира не давање доволни ресурси за обвинителството и судството и прикривање на кривични дела, Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл.

Реклама

Не е ништо подобро ни со битката на Македонија на меѓународен план. Факт е дека земјава одсекогаш била жртва на разни испреплетени интереси на западните фактори, вели поранешниот амбасадор Никовски. Според него, Македонија мора да бара решение за вториот протокол во спорот со Бугарија и нова преговарачка рамка, бидејќи како што се сега поставени работите со бугарските уцени, како што вели, земјата никогаш нема да стане дел од европското семејство.

Покрај сите внатрешни проблеми корупција, нашите главни проблеми се од дипоматски какрактер и на меѓународен план. Не сме етаблирани на меѓународна сцена. Македонија направи многу отстапки. Интересите на западните фактори не се вклопуваат со нашите фундаментални интереси. Членството во Нато, е интерес на западниот свет. Ние мораме да се концентрираме мора да бараме решени е, вториот протокол  да падне, а со тоа и и уцената во преговаорачката рамка. Клучен проблем не е уставните измени, туку во преговорачката рамка. Со таа рамка Макеоднија никогаш нема да влезе во ЕУ, вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Македонија и по повеќе од три децении независост, останува заробена меѓу внатрешните слабости и надворешните уцени. Едно е сигурно, сè додека државата не ја добие битката дома и се избори против корупцијата, ќе ѝ биде многу тешко да ја добие и битката на меѓународен план и да стане дел од европското семејство. Премиерот Мицкоски од централната прослава по повод 11 октомври ги повика сите во државата да се вклучат во целосниот ресет. Според него потребна е длабока мобилизација за нов почеток и поправка на уриваното со децении. Премиерот побара и гаранции од Европскиот совет со пораката ДА за членство во ЕУ, НЕ за билатерални услови.