Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Пренџов: Филипче шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на Алфа телевизија, се осврна на темата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на Алфа телевизија, се осврна на темата за одредени изјави на претседателот на една од опозициските партии во земјава, за што кажа дека се шири паника и хистерија кај граѓаните во врска со финансиската состојба во државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов направи паралела со случувањата од 2015 и 2016 година, кога, според него, поранешниот функционер на СДСM, Кире Наумов, со своите постапки придонел за поскапување на кредитното задолжување на државата.

„Ја шири затоа што изминативе години, наместо да биде во затвор, Кире Наумов, беше слободен човек и функционер, затоа ја шири Венко паниката. 2015-2016 година кога имаше техничка влада, кога требаше да се подигне определен кредит, тогаш СДСM преку Кире Наумов пишуваше писма до секоја една банка, финансиска институција, меѓународен фонд, во коишто му велеше дека владата ќе крахира, како сега што велат, дека пензии ќе нема, како што сега велат, и дека тие луѓе коишто на Македонија ќе и дадат кредит во тој период, можеби тие пари нема да им бидат вратени“, истакна Пренџов.

Реклама

Тој кажа и дека тогашната власт во земјата, сепак, земала кредит, но со многу повисока камата, а поради одредени писма кои ги пишувал, како што вели, Наумов, разликата била 30 милиони евра.

„Писмата на Кире Наумов пишувани до меѓународните институции, овој народ го чинат 30 милиони евра. Дојдоа на власт на начин на којшто дојдоа. Тогаш обвинител беше Јовески, наместо да го викне и да видиме зошто тие 30 милиони евра сме ги платиле како народ, а притоа тој кредит е вратен целосно финансиран од државата, тој стана директор на некоја банка во Македонија“, рече Пренџов и додаде:

„Кога немате соодветно обвинителство и кога некој во минатото не е казнет за слично вакво дело, тоа слично дело ќе ни се повторува, бидејќи финансиската стабилност на државата, монетарната политиката, курсот на денарот и банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Македонија. И затоа тие обвинители треба да се занимаваат малку посериозно со тоа што се случува во Македонија. Да се занимаваа сериозно со Кире Наумов, сега немаше да ја имаме оваа паника, којашто ни ја прави Венко Филипче“.