Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Сиљановска-Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинашната средба на земјите учеснички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинашната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката, укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, Сиљановска-Давкова истакнала дека е цинизам и хипокризија да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија.

Претседателката потенцираше дека годинава, за разлика од лани, Декларацијата е усвоена со консензус на лидерите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“.

Реклама

За неа, како што се наведува во соопштението, соработката е неопходна заради решавање на заедничките проблеми, како – егзодусот на младите, опасноста од стагнирање на економијата и надминување на безбедносните предизвици.

-Верувам во добрата волја, верувам во добрите намери, верувам во посветеноста на Хрватска и Словенија на процесот и нивната посебна одговорност кон регионот и неговото забрзано чекорење кон ЕУ, заклучила претседателката Сиљановска-Давкова.

Иницијатори на „Процесот Брдо-Бриони“ се Република Хрватска и Република Словенија. Во процесот, покрај нас, вклучени се и Република Црна Гора, Република Србија, Република Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Претседателите на овие земји се состануваат најмалку еднаш годишно. Следниот состанок ќе се одржи во Република Хрватска.