Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село

Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник за општина Ново Село од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник за општина Ново Село од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека општина Ново Село изминатите четири години ја карактеризираа низа успешно реализирани проекти, фокусирајќи се на целите за наредните четири години за општина Ново Село т.е. програмата која посочи дека е креирана во согласност со потребите на граѓаните, а во насока на решавање на нивните најгорливи проблеми, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Модернизација на инфраструктурата каде се предвидени асфалтирања на над 35 улици во целата општина од кои само 12 се во Ново Село. Меѓу најприоритетните проекти ќе биде обезбедувањето на алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово, со што ќе се обезбеди нов довод за чиста вода за пиење. Покривањето на пазарот во Ново Село со метална конструкција, изградбата на мегапаркот и зеленилото кај спортскиот комплекс „Христо Татарчев“. Ќе ги поддржиме иновациите, претприемништвото создавајќи подобри услови за инвестирање и водење бизнис“.

Божинов, во продолжение од своето обраќање се осврна и на проектите кои значат континуитет во инвестициите во образованието како реконструкција на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино, детски рекреативен центар во Старо Коњарево, јакнење на капацитетите во туризмот преку креирање на туристички водич за природните убавини на општина Ново Село. Во делот на социјалната и здравствената заштита посочи на предвидениот бесплатен логопедски третман за деца и бесплатниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до петто одделение, како и на изградбата на домот за стари лица.

Реклама

„Предвидени се реконструкции на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино. Изградба на детски рекреативен центар во Старо Коњарево со спортски терени и сместувачки капацитети на местото на старата караула. Изградба и опремување на иновативен тренинг центар за основните училишта во  Ново Село и Колешино. Ќе креираме туристички водич за природните потенцијали на нашата општина,а предвидена е и изградба и на нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокринските Извори, со мојот тим сплотено и изречно сме против рудници и против било какви загадувачи на територијата на општина Ново Село. Воведуваме бесплатен логопедски третман за деца и бесплатен оброк за ученици од социјално ранливи категории од прво до петто одделение. Реализација на проектот „Нега во домот“ и лична асистенција на лица со попреченост. Поранешната касарна во Ново Село ќе биде дадена под концесија за изградба на дом за стари лица. Пристапни рампи ќе бидат поставени на сите државни институции и главни сообраќајници“, рече Божинов.

На крај, Божинов ги повика граѓаните на општина Ново Село на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ново Село да продолжи по патот на развојот и просперитетот.