Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Касами: Чекор по чекор го трансформираме Тетово во модерен и урбан град

Тетово го најдовме рушено, синоним за дупки и разурната инфраструктура, град во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тетово го најдовме рушено, синоним за дупки и разурната инфраструктура, град во колапс. Денес, населба по населба, Тетово се трансформира и добива поинаков лик, истакна кандидатот од ВРЕДИ за градоначалник на Тетово, Биљал Касами. 

Денес дојдов да ги видам работите во Блок 70, населба заборавена од претходната власт, со многу инфраструктурни проблеми.

Во соработка со Владата, инвестиравме вкупно 15 милиони денари за изградбата на Блок 70.

Реклама

Како дел од овие проекти за целосна трансформација на патната инфраструктура на нашиот град, градиме повеќе улици во населбата Дреновец, Теќе, Поток, Колтук, Вонвардарска, населбата кај Младинската џамија, Тетовчанка, Цетинска, урбаниот блок пред Зелениот пазар или како што е познато, населбата Ајдучко маало.

Исто така и во Мала Речица, Голема Речица, Џепчиште, Селце, Шипковица, Лавце, Сараќино и во многу други населби и села изградивме и градиме патна инфраструктура, трансформирајќи ги во европски села и населби.

Нема да застанеме тука.

Вкупно околу 430 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, ќе се инвестираат во основната инфраструктура и изградбата на нови модерни улици за тетовските населби.
Чекор по чекор, го трансформираме Тетово во модерен и урбан град, затворајќи го поголемиот дел од инфраструктурните проблеми.

Почитувани граѓани на Тетово, ерата на хаосот, неодговорноста, на Тетово руинирано и со дупки, заврши.

Напредокот што го постигнавме во овие четири години не смее да запре. Тетово не смее да се врати назад. Тетово продолжува напред со Второто поглавје на развојот. Уште повеќе, уште подобро, уште посилно.