Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Шабан Салиу: Итно расчистување на дивите депонии во Шуто Оризари

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите(ДСР), д-р Шабан Салиу и носителот на листата на кандидати за советници, Ферат Асан, вчера остварија средби со жителите на улиците Тиквешка, Клисурска, Дринска, Брсјачка, Злетовска, Нов Живот и Демирхисарска, стои во соопштението на кандидатот Шабан Салиу.

На терен беше јасно видлива состојбата со купишта отпад и неасфалтирани и калливи улици, што секојдневно им го отежнува животот на граѓаните.

Во разговор со жителите, тимот на ДСР ги претстави програмските приоритети насочени кон воспоставување ред во управувањето со отпадот, итно расчистување на дивите депонии и отпочнување на приоритетно асфалтирање на уличните коридори со јасни рокови.

Реклама

„Шуто Оризари нема време за празни зборови. Потребни се итни, мерливи и видливи чекори што ќе донесат чисти улици, асфалт и функционални услуги. Нашиот пристап е јасен, а тоа се транспарентни рокови, јавна отчетност и партнерство со граѓаните за секој чекор напред,“ порача д-р Шабан Салиу. Тој додаде дека целта е функционална и чиста општина со мерливи резултати и вистинска отчетност кон граѓаните, при што жителите ќе бидат директни партнери во следењето и оценувањето на напредокот.