Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со в.д. амбасадор на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Рашид Бин Саид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност амбасадор на Државата Катар.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата Гаши потенцирал дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи, и затоа ја реафирмирал потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Советот на Шурата на Државата Катар.

-Во текот на разговорот, претседателот го осуди неодамнешниот напад на Доха и истакна дека оваа недозволива акција е кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Катар. Ваквите милитантни дејствија треба да бидат осудени од целиот демократски свет затоа што ризикуваат да ја ескалираат ситуацијата во регионот и да ги поткопаат напорите за постигнување на прекин на огнот во Газа, се наведува во соопштението.

Реклама

В.д. амбасадорот Рашид Бин Саид Ал-Хајарин истакнал дека во иднина очекува акцентот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар да биде ставен на унапредување на економската соработка, како и зајакнување на парламентарната допломатија.

Двајцата соговорници искажале големо задоволство од средбата и истакнале дека очекуваат пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат.