Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По срамната одлука за докторката од Онкологија да се стави крај на судството на дружината на Филипче

По срамната одлука за докторката од Онкологија треба да се стави крај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По срамната одлука за докторката од Онкологија треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче, а не се грижи за основните човекови права, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Судството секојдневно само вади докази во јавноста дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДСМ.

Последен во низата докази е нивната одлука за условна казна две години за докторка од Клиниката за онкологија и радиотерапија, како што велат, поради фактот што признала вина.

Реклама

Судот со оваа пресуда јасно укажува дека човечкиот живот не вреди. Судот јасно покажува дека нема интерес за човечкиот живот. И конечно, судството, покажува дека, единствено, постапува ако добие насока од „центарот“. А „центарот“ за судиите е лоциран кај поединци од Бихаќка.  

Дека центарот е на Бихаќка говорат многу пресуди, меѓу кои и онаа за модуларната болница во Тетово во која изгореа 16 лица, а многу беше јасно дека за поставување на истата одговорен во процесот бил Филипче. Но, наместо лоцирање на одговорност и тогаш судството прибегна кон одлука само за двајцата директори на Болницата во Тетово и за Болницата како правно лице.

Според онаа народната, врти сучи, судството ги „оправдува“ оние околу два проценти доверба кои, пак, реално се на ниво на статистичка грешка. А, ова правосудство Филипче, пак, не сака да се смени затоа што, очигледно, му служи.

Крај на овој правосуден систем, кој работи под диригентска палка на Заев и компанија, мора да се стави.