Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Нов регионален проект за развој на женското претприемништво

      Македонските жени се’ повеќе пројавуваат желба да бидат сами свои газди,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Македонските жени се’ повеќе пројавуваат желба да бидат сами свои газди, да отвораат бизниси согласно личните афинитети, да бидат креативни и финансиски независни. Во склад со тој тренд кај женската популација, особено од маргинализираните и ранливите групи, од почетокот на месецов стартуваше аплицирањето за регионалниот Проект „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“,  кој освен во Македонија, ќе се импелементира и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и со него ќе се развива претприемничкиот дух кај жените.

Станува збор за еден проект чија што цел е да им помогне на жените да се вклучат на пазарот на трудот, без оглед во која форма – дали како започнување на сопствен бизнс, дали како унапредување на веќе постоечки бизнис, или пак, како жени кои што сакаат едноставно да се вработат. Нашата цел е да ги поттикнеме жените да се вклучат во економијата, да имаат добробит за себе и за сопственото семејство на тој начин“, – вели Кристина Хаџи-Василева од Консалтинг за стратешки развој од Скопје.

  Фактите зборуваат дека жените, особено од маргинализираните заедници се соочуваат со ниска стапка на вработеност, недостиг од пристап до финансии и едукација, родови стереотипи, но и недостиг од институционална поддршка. Од овие причини, жените кои ќе аплицираат ќе имаат можност да добијат и извесна финасиска помош од 2,5 илјади евра, односно од 5.000 евра во зависност од тоа дали почнуваат нов бизнис, или ќе го унапредуваат веќе постоечкиот.

Реклама

  „Вклучува пред сечетиридневна обука која што ќе биде задолжителна за селектираните учеснички на овој Повик, потоа менторство за изработка и финализација на бизнис-план и грантова поддршка, односно два вида на грантова поддршка, еден за основање, запопчнување на бизнис кој што е во износ од 2.500 евра и грантова поддршка од 5.000 евра кои се за унапредување на постоечки бизниси“, – рече Росица Тошевска од Консалтинг за стратешки развој – Скопје.

  „Наша задача е информациите да ги доближиме до жените, меѓутоа да бидерме и нивна поддршка во целиот процес на аплицирање и понатаму. Во наредниот период ќе имаме многу средби на различни теми сесо цел да им помогнеме на жените да ги зајакнат нивните вештини“, – посочи Марина Тошеска од ЛАГ „Агро-лидер“, – партнер во Проектот.

   Овој Проекет ќе трае до 2027 година, финасиран е од Австриската агенција за развој „АДА“ и неговиот вкупен буџет е 2,5 милиони евра, а апликациите можат да се поднесуваат до крајот на месецов преку ЛАГ „Агро –лидер“, кој е партнер во Проектот.