Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тројца кумановци предизвикале пожар, палејќи кабли за бакар

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против три лица од Куманово, меѓу нив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против три лица од Куманово, меѓу нив и малолетник, бидејќи предизвикале пожар во населбата „Бавчи“, палејќи кабли за да извадат бакар, соопшти денеска полицијата.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 13-ти јули на место наречено „Бавчи“ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината, соопшти МВР.

Кумановци постојано бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и проактивно дејствување на надлежните институции. Во текот не летото, со заклучок на општинскиот кризен штаб беа формирани дежурни тимови кои патролираа на подрачјето од Спомен костурницата до влезот на населбата „Перо Чичо“, вклучувајќи и ја населбата „Бавчи“ каде што постојано несовесни лица палат смет, предизвикуваат диви депонии, палат стрништа. Повеќе од третина од пожарите во урбаната средина се токму на овој потег.