Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Во Штип одбележан Денот на независноста на Македонија

Со положување цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со положување цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи во штипската населба Македонка се одбележа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов порача дека наша обврска е да го продолжиме долговековниот сон – да ја чуваме и развиваме Македонија.

-Денес заеднички го одбележуваме денот кога пред 34 години граѓаните на нашата земја ја избраа самостојноста со јасна определба и обединетост, впишувајќи ја Македонија на мапата на светот како суверена и независна држава.  Овој историски датум не е само момент на сеќавање туку симбол на исполнетата вековна борба за сопствена држава – слободна, праведна и демократска. Ова е ден кога ја славиме зрелоста на народот, неговата решителност и визијата за иднината, рече Јорданов. 

Реклама

Свои обраќања имаа претставници на Здруженија на децата бегалци од Егејска Македонија, како и од ОМО Илинден во Бугарија.

Стојан Димков од Здружението „Мирка Гинова“, кое секоја година го организира настанот, порача младите да не ја напуштат Македонија, бидејќи подобро е да се живее во сопствената земја, отколку во туѓина.