Реклама
Македонија

Нино Васев не чуствува вина за погрешно лекување пациенти, одбраната ќе го побива обвинението

Васев рече дека имал многу придонесено во европски и светски рамки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“ рече Нино Васев на прашањето на судот „Дали чувствува вина за кривичните дела кои му се ставаат на товар“.

Васев рече дека имал многу придонесено во европски и светски рамки за развивање на онколошката терапија и протоколите за онколошките пациенти.

  • „После 35 години работа и по околу 1000 пациенти годишно, членство во сите европски институции за изработка на тие протоколи за кои ме обвинуваат, јас сум единствениот Македонец кој има учество во подготовка на имуно терапија. Обвинителството кога го почна предметот, имавме три активни интернационални студии кои средствата остануваат на Македонија а лековите кои ги даваат се бесплатни и остануваат на клиниката. Значи, да се дозволи во постапка вешто лице кој ја сум го сменил кога станав директор и зошто не се опфатени првите шест месеци од мојот мандат? Затоа што наследив од милион и 700 евра долг. И годината на крај го завршивме со 30 илјади евра долг. Тоа лице што ги направиле тие долгови и резерви на лекови кои ги наследив во јуни 2017 година и успеав до крајот на годината. Не може да биде вешто лице и технички совет лицето кое го сменив од директорско место “ рече меѓудрогото Васев.

Претходно, неговиот бранител Никола Ставров рече дека ќе ги побијат сите тврдења на обвинителството.

  • Имајќи го предвид начин на кој е воден предистражната постапка, истрагата особено пробивањето на роковите на истата, како и емотивниот пристап на обвинителката добива чувство како да станува збор за еден вид некоја форма на заговор против обвинетиот Никола Васев. Сето ова надополнето со потешкотиите кои што обвинетиот и ние како бранители ги имавме во истражната постапка да ги обезбедиме, а и постапувањето на судот на предлозите и барањата кои ги поставивме во оваа постапка. Не сакајќи да навлегуваме во такви теории затоа што истите не се целисходни и само ќе ја дефокусираат одбраната од постапката, ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на ОЈО, и тоа преку основани цврсти и законите докази прибавени на законит начин во смисла на вештачењето кое го обезбедивме во постапката како и неговиот доволнување кое за скоро ќе биде готово. И со ваквите докази во целост ќе се спротивставиме и ќе ги пробиеме доказите на ОЈО. Тоа ќе го направиме и преку директно испитување и на вештакот кој го имаме ангажирано од областа на медицината“ рече бранителот.

Бидејќи судот го одби барањето на одбраната за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната бара вештаците кои ги изготвиле да бидат сослушани во судскиот предмет.

Реклама

Како сведоци одбраната на Васев ќе викне и лекар онколог кои работи на Клиниката.

  • „Имаме јасна цел да докажеме дека обвинетиот професионално и законито ја извршувал својата професија и преку сослушување на сведоците покажуваме јасна намера дека не ни целта да ја вознемируваме јавноста во нашата држава и на тој начин да ја градиме одбраната туку сведоците да посочат пред судот за нивните непосредни сознанија во врска со работењето на Клиниката, примената на протоколите односно постењето или не на протоколите, како и правилно постапување на обвинетиот, рече адвокатот.