28-ми август. Голем православен празник – Успение не Пресвета Богородица и Ден на македонските рудари. Овој исклучитечно значаен ден за целиот наш енергетски систем, со низа пригодни свечености одбележан и во РЕК Битола. „Ова се денови кога празнуваме, кога се среќаваме, кога се обединуваме и кога си зборуваме за верата, за духовната сила и за сeто она кое што претставува предизвик во нашето секојдневие и убеден сум дека обединети, заедно сполтени, сите тие предизвици ќе ги надминеме“, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој лично им го честиташе денот на рударите од РЕК Битола.
„Бидејќи благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија која ја што ја вложуваат овде во РЕК Битола, ние имаме енергетска стабилоност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство…Да им го честитам Денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините кои што следат за македонскиот енергетски систем, за рударсвото, но и за македонската економија“ – изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Подобрување на условите за работа, но и зголемување на платите за рударите кои работат во длабоките рударски јами, најави министерката за енергетика и рударство. Според неа, сега и во овој сектор, во Македонија владеат закони кои се еднакви за сите, уверувајќи дека државата ќе ги поддржи само компаниите кои работат одговорно.

„Времето на компромиси во Македонија заврши. Инспекциите се зајакнати, контролите се редовни, а казните построги од кога било досега. Досега се одземени 45 концесии за експлоатација на минерални суровини, бројка која јасно покажува дека државата нема да дозволи непопчитување на законот“, – истакна Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.
За „Рудар на годината“, годинава беше избран дипломираниот рударски инжинер Страшо Маневски, кој веќе 35 години е дел од РЕК Битола, а пофалници и благодарници им беа доделени и на уште 43 вработени во РЕК Битола: пожарникари, рудари и годинашни пензионери.
„Машината со која работам е долга 55 метри, висока 22 метри. Таа фактички е колку еден фудбалски стадион што се движи. Може да копа до 20 метри висина, нешто што вака не може да се опише со зборови, треба да се види на лице место, – вели Златко Поповски, награден рудар.
„Работиме и во Термото, и во Брод, и во Рудникот. Се соочуваме многупати и со големи пожари, зависи од ситуацијата, ама гледаме да биде се’ во ред колку што се нашите можности, даваме максимум“, – кажа Фатон Зенули, награден пожарникан од РЕК Битола.
Премиерот Мицкоски денеска изврши увид и во завршните работи на фабричката мензата во РЕК Битола, која ќе биде пуштена во употреба за дваесетина дена.

