Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

🎥 Верниците во Струга на отворено држат литургии – контроверзниот Мерко не им дозволува да изградат црква

Во Струга, од изутрина започна литургијата за Успението на Пресвета Богородица –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Струга, од изутрина започна литургијата за Успението на Пресвета Богородица – празник познат и како Голема Богородица. Со овој ден заврши двонеделниот пост, а стотици верници од градот и пошироко се собраа, на молитва под отворено небо на местото во близина на Женска плажа. Тие веќе десетина години мака мачат со општинските власти, затоа што не им е дозволено на ова место да изградат црква. 

„Верниците и денеска со молитви се надеваат дека нивната желба ќе стане реалност – конечно по една деценија борба со општината, на ова место зад мене да се изгради црква“.

Местото на кое се одржува литургијата било одземено од државата уште пред педесетина години, за конечно во 2015 да биде вратено во црковна сопственост. Литургијата ја водепе локален свештеник заедно со свештеник од Поградец од Албанија и таа се водеше и на македонски и на албански јазик. 

Реклама

Претходно, на 15 август литургија се одржа во местото Поградец во храмот Пресвета Богородица, па затоа граѓаните бараат да се изгради црква и кај нас. 

Отецот вели дека изградбата на православен храм само може да доведе до обединување на Стружани без разлика на нивната етничка припадност.

„Градењето храм за нас не е примарна цел, ние овде си ги остваруваме овде богослужбените потреби на ваков начин, но секако дека е реална потреба, не само за православната заедница туку и општо и за градот ако земеме во предвид дека откако постои Македонија, во некаков државен облик, освен храмот на гробишта, во Струга не е изграден ниту еден друг храм“, изјави отец Александар Димовски.

И граѓаните на ист став. Тие сметаат дека црква на ова место е и повеќе од потребна и се надеваат дека општинските власти конечно ќе се вразумат и ќе ги прифатат нивните барања.

Литургијата за Пресвета Богородица во Струга е повеќе од верски чин, таа стана симбол на упорноста на граѓаните кои не се откажуваат од идејата за изградба на свој храм.