Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Зелени инвестиции, шанса за работа – Владата нуди по 250.000 денари за секое ново вработување

Можност за 200 нови вработувања во микро, мали и средни претпријатија кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можност за 200 нови вработувања во микро, мали и средни претпријатија кои ќе обезбедат зелени инвестиции. Ова е само една од деветте мерки на Оперативниот план на Владата за 2025 година за заживување на домашната економија, а чиј Јавен оглас завршува на крајот од месецов. Со оваа мерка државата им овозможува на таргетираните претпријатија по 250.000 денари од вработено лице. Тоа треба да ги намали невработеноста и иселувањето на младите, да ја зголеми продуктивноста на помалите бизниси, но и да ја заштити животната средина, уверува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

   „Тоа е дел од зелената агенда. Значи, се вклопуваме со зелената агенда на ЕУ, односно поддршка на нови производи, технологии, нови машини или се’ она што значи заштита на животната средина. Има доста голем интерес…Инаку, самата конкретна мерка значи и поддржување по вработено лице во фирма која би инвестирала во зелени инвестиции од околу 250.000 денари, или најмногу можат да вработат три лица, со вкупно 750.000 денари“, – ни изјави за Алфа, Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

  Годинашниот Оперативен план е најголем во историјата на Македонија и содржи 9 мерки и голем број подмерки, во вкупна вредност од над 40 милиони евра. Дел од мерките се за директни вработувања, како што е и мерката за зелените инвестиции, дел се за самовработувања, а додека останатите мерки се за обука, едукација и доедукација на невработени кадри во Македонија како би биле поатрактивни на пазарот на трудот.

Реклама

  „Со Оперативниот план за тековната 2025 година ќе бидат опфатени вкупно 16.000 лица во Република Македонија. Тоа е дел од мерките на Владата кои ги прави за да ги задржиме сите работоспособни невработени лица, посебно младите под 29 години, да останат во државата, да креираат свој бизнис или да се вработат во постоечките фирми“, – објаснува Ристески.

   Од Министерството за економија и труд велат дека транспарентноста и почитувањето на потребите на правните и приватните субјекти при креирањето на мерките, веќе го дваат очекуваниот фидбек. А тоа е огромниот интерес кој спореден со минатата година, годинава е за 15-20 проценти поголем за секоја мерка.