Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 ДИК останува зад својата одлука за независните кандидати

Не сме ниту законодавец ниту Уставен суд туку постапуваме согласно законот. Вака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сме ниту законодавец ниту Уставен суд туку постапуваме согласно законот. Вака претседателот на ДИК Борис Кондарко ги коментираше бурните реакции дека локалните избори може да се претворат во циркус, по одлуката само со два потписи секој полнолетник да може да се кандидира за советник или градоначалник  За да не се сочуваме со несериозни кандидати на локалните кои сакаат само да ги има на телевизија, а немаат вистинска намера да се дел од локалната власт, Кондарко рече дека Собранието треба да го реши овој проблем. Исто така тој имаше замерки дека во јавноста никој не понудил никакво друго решение, туку сите прстот го впериле во правилникот, кој според претседателот на ДИК е донесен согласно законските можности. Членовите на ДИК остануваат зад својата одлука.

Новите правила на игра доаѓаат откако Уставниот суд во мај годинава укина две одредби од Изборниот законик, кои го одредуваа бројот на потписи што треба да се соберат за независни листи. Тогаш прагот беше 1% од запишаните избирачи во дадената изборна единица и наиде на критики од граѓанските инцијативи. По  неговото укинување остана нерегулирано прашањето колку потписи тие треба да соберат за да поднесат листи на кандидати за членови на Совет, односно за градоначалник.

Викендов пратениците се обидоа да го регулираат ова преку измени во Изборниот законик – но ДУИ ги минираше обидите бидејќи гласаше против, со што не беше исполнет условот за Бадентер. Предлогот на владејачкото мнозинство беше прагот да биде 0,95% од бројот на избирачи во дадената општина, а преку амандмани на Левица тој праг се намали на 0,5% – сепак измените не поминаа.

Реклама