Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Инфраструктурен бум во Кавадарци со средства од унгарскиот кредит

Изградба на неколку модерни кружни текови, гасификација, целосно инфраструктурно средување и урбанизирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на неколку модерни кружни текови, гасификација, целосно инфраструктурно средување и урбанизирање на периферни зони од градот, се само дел од капиталните проекти во општина Кавадарци, а кои ќе бидат реализирани со парите од унгарскиот кредит. Во двете транши од овие средства, Кавадарци вкупно добива безмалку 7 милиони евра, со кои ќе бидат реализирани 16 капитални проекти.

„Во однос на унгарскиот кредит, општина Кавадарци е со 16 проекти. Во првиот повик имавме 8 проекти околу 1.700.000 евра, а второто барање беше од 8 проекти… се предвидуваат околу 5 милиони евра за општина Кавадарци. Најголемиот проект, според мене, е гасификацијата со околу 1,2 милиони евра, што ќе внесе посебен белег во општина Кавадарци, нешто што е проектирано во изминатиот век од нашите визионери кои го градеа Кавадарци, почнат во еден период, а сега му се дава нова тежина, му се дава инпакт за да се воведе во градба“ – вели Стојанчо Рамов, претседател на Совет на општина Кавадарци.

Со пари од првата транша од унгарскиот кредит веќе два месеци интензивно се гради големиот и модерен кружен тек на влезот во Кавадарци и во Индустриската зона од страната на Росоман и тој е веќе при крај со изведбата. Според градоначалникот Митко Јанчев, станува збор за современо сообраќајно решение на површина од 2.400 метри квадратни, со комплетна подземна инфраструктура, тротоари, сообраќајна сигнализација и со соодветно осветлување. Вредноста на овој кружен тек е 11 милиони денари.

Реклама

„Направен е затоа што уште пред пет години Кавадарци доби еден влез со четири ленти, булеварско решение, а на самиот влез од Росоман, на двете страни имаме Индустриска зона и индустриски објекти кои што функционираат. Овој кружен тек е предвиден заедно со ГУП, урбанистички проектиран, што значи дека од овој кружен тек, па сè до бензинската „Макпетрол“, со врзувањето на Северен булевар, во средина треба да има еластична ограда и да биде класично булеварско решение“ – посочува Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

По изборите пак, веќе е планирана изградбата на уште три други кружни текови. Два од нив ќе се градат со унгарските пари, а третиот, кај „Лидл“, во вредност од 40 милиони денари, ќе биде комплетна донација од компанијата – објаснува градоначалникот Јанчев, кој на престојните локални избори ќе се бори и за трет градоначалнички мандат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.