Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Прилози

🎥 По ризичниот тик-ток предизвик на хауба „Фарма Аура“, психолозите со прашање: Дали доволно поддршка и љубов им даваме на младите?

Опасниот Тик ток предизвик наречен „Сурфање на автомобил“, повторно го вклучува алармот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опасниот Тик ток предизвик наречен „Сурфање на автомобил“, повторно го вклучува алармот за безбедноста на младите. Откако на социјалните мрежи излезе видео со млад човек кој среде Скопје се вози качен на хауба, само за виралност и лајкови, голем дел од родителите се вознемерија и го споделуваа видеото со апел сите да бидат внимателни и децата, но и возрасните и да не се дозволи повторување на ваквата опасна игра.

Овој случај одново ги отвора прашањата – Каде се губи свеста кај младите луѓе, кои за кликови и лајкови дури си го ризикуваат и животот ? Имаат ли родителите контрола врз своите деца, каде е вината? Психолозите главно проблемот го гледаат во воспитувањето. Само со отворен разговор и поддршка може да се влијае врз младите да не се впуштаат во опасни предизвици кои произлегуваат од социјалните мрежи.

„Вакви сурфања сигурно не почнале тука во Македонија, некаде ќе ги видат, а светот е малечок. Само еден клик, толку е голем светот. Тоа е дел од младечкото живеење и од тоа како они пробуваат да станат возрасни“, изјави психологот Мирјана Стојановска.

Реклама

Во меѓувреме, министерот Панче Тошковски информираше дека се пронајдени учесниците во опасниот предизвик, случајот се расчистува, а тие си добија соодветни пријави. Несомнено, санкционирањето на овие млади луѓе е лекција дека секундите слава, може да им го загорчат животот.

„Родителите секогаш дознаваат последни. Механизам специјален за тоа нема. Единевен, барем јас кој го знам е трпение и разговор со детето, кој почнува од раѓањето, затоа што кога на 15 16 години, ќе видиме дека не ги кажува некои работи, ние сме закасниле со некои работи“, изјави психологот Мирјана Стојановска.

Дивеењето низ улиците во Бутел и Чаир е само последен опасен предизвик. Годиниве актуелен беше таканаречениот предизвик „супермен“. Откако десетици деца завршија со скршеници на клиниките, се отвори прашањето во јавноста како да се спречи ова штетно влијание кај младите. Забраната за социјалните мрежи не е опција, но мора да постои системска превенција.
Пред две години малолетна девојка заврши со изгореници по телото по струен удар на железничка станица додека снимала видео токму за ТИК ТОК качена на вагон. Претходно едно дете загина од струен удар додека беше качено на воз на станицата Миладиновци.

Кристијан Ниновски