Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Македонските граѓани лани оставиле над 209 милиони евра во спортските обложувалници

Минатата година, македонските граѓани оставиле повеќе од 209 милиони евра во спортските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатата година, македонските граѓани оставиле повеќе од 209 милиони евра во спортските обложувалници, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени од Блумберг Адриа. Просечната уплата по тикет изнесувала 269 денари.

Обложувалниците исплатиле добивки во вкупна вредност од 169 милиони евра – околу 40 милиони евра помалку од вкупно вложената сума. Најголемата исплатена добивка на еден тикет достигнала речиси 68 илјади евра.

Од исплатата на добивки, државата наплатила над 20 милиони евра само по основ на данок на личен доход.

Реклама

Анализите покажуваат дека вложувањата во спортско обложување се зголемуваат од година во година. Во 2022 година, износот бил околу 193 милиони евра, а во 2021 нешто над 185 милиони евра. Трендот укажува на растечка популарност на оваа индустрија и на зголемен профит и за обложувалниците и за државата преку даноците.

Во моментов, во Македонија работат околу 800 лиценцирани обложувалници и приредувачи на игри на среќа.