Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот – Стапуваат на сила измените на Законот за тутун

Долгоочекуваните измени на актуелниот Закон за тутун, а кои тутунопроизводителите со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгоочекуваните измени на актуелниот Закон за тутун, а кои тутунопроизводителите со години ги бараат, стартуваа. Забраната за увоз на ароматичен тутун додека до лист не се откупи домашното производство, како и обезбедувањето дозвола за сите откупувачки компании да можат слободно да откупуваат и откупениот тутун сами да си го дообработуваат, а потоа и слободно да си го извезувааат, се усовени по брза постапка и истите ќе важат веќе од оваа реколта, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија.

  „Првин целта ни беше да го заштитиме нашето производство. Значи, за време на откупот од 15 ноември до 28 февруари да не може да се купи ни еден килограм тутун од странство. Тоа ни беше најбитно и во тоа успеавме благодарение на Министерството, на Владата, што тоа го прифатија и помина по брза постапка, така што тие измени ќе си важат од оваа реколта“ – вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

   Останатите измени, а кои се однесуваат на правото за полагање за лиценци за повереници да го има било кој член од едно домаќинство, а не само носителот на Договорот со цел да нема дуплирање на договорите, како и зголемување на ингеренциите на Сојузот при формирањето на откупните цени, ќе одат во редовна постапка. Очекувањата на Сојузот се дека и тие ќе завршат до крајот од годинава, односно после изборите.

Реклама

  За количините и квалитетот на годинашниот род, тутунопроизводителите велат дека заради неповолните временски прилики на почетокот од производната сезона, годинава ќе има за 30-40 проценти помали приноси, но тие ќе бидат со одличен квалитет.

  „Скоро 90 дена немаше дожд, па негде приносите – не 50 проценти, ама 30-40 посто ќе бидат намалени поради сушата…Тоа ми дава за право да кажам дека годинава ќе имаме максимум околу 18-19 милиони килограми тутун…А за разлика на тоа, квалитетот е одличен, така што откупувачите да размислат како ќе го откупат тутунот. Квалитетот мора да си го платат“, – посочува Ристески.

  „Оваа реколта имаме посеано околу 20 декари тутун. Очекувавме некаде околу 4 тони тутун, но поради големата суша, стегната е почвата, значи тоа ќе биде намалено многу од очекуваното, некаде околу 2,5 тона до 3 максимум, ако нешто се промени“, – кажа Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од с. Житоше, долненско.  

   Инаку, за годинава проектирано беше производството да тежи околу 26 милиони килограми, откако лани беа постигнати историски највисоки откупни цени од околу 500 дернари за килограм тутун.