Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра

Здравството е најчувствителниот, но и најважниот дел од системот наречен држава, таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравството е најчувствителниот, но и најважниот дел од системот наречен држава, таму каде што не се игра политика, туку се спасуваат човечки животи, и токму таму решивме да направиме радикален пресврт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на вечерашната трибина на тема Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а која се одржа во Штип.

Мицкоски информираше што се е направено за само една година.

„Ги укинавме економските директори – затоа што здравството не е место за партиски послушници, туку за професионалци, обезбедивме вработување на 600 приватни специјализанти – за да го зајакнеме јавниот здравствен систем, го зголемивме капитацискиот бод на матичните лекари, гинеколози и стоматолози, почнавме континуирано зголемување на платите на сите здравствени работници“, рече Мицкоски.

Реклама

Според Мицкоски ова не се само инвестиции на хартија, туку реалност, бидејќи ги гледа и чувствува секој еден граѓанин.

„Отворивме нова поликлиника во општина Илинден, изградивме нова компресорска станица во хируршките клиники „Мајка Тереза“, реновираме и реконструираме болници, како КАРИЛ, гинеколошко акушерската клиника, клиничката болница во Битола, Кочанската болница, Градската општа болница 8-ми Септември итн, направивме проширувањето на позитивната листа на лекови“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека сето направено досега е само почеток и ја најави големата инвестиција во здравството од средствата од Обединето кралство во вредност од околу 150 милиони евра.

„Оваа Влада отсекогаш стоела цврсто позади високото образование и нашите универзитети се разбира, но постои еден посебен однос кон Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – универзитет кој прерасна во симбол на развојот на источниот регион и двигател на знаењето и просперитетот. Токму затоа, со особено внимание ја носевме одлуката за најголемата здравствена инвестиција во овој дел од државата, инвестиција вредна околу 150 милиони евра, која значи не само изградба на нова, клиничка болница, туку и на целосно нов објект за Медицинскиот факултет и студентски дом во рамките на истиот комплекс. Оваа одлука има длабока стратешка основа, студентите по медицина повеќе нема да мора да патуваат помеѓу различни објекти и градби, туку ќе учат, истражуваат и се обучуваат во една заокружена, современа целина, рамо до рамо со клиничката пракса“, кажа Мицкоски.

Мицкоски објасни дека ова значи „поквалитетна настава, модерна опрема, полесна интеграција помеѓу теоријата и праксата, и што е најважно – тоа значи дека идните лекари ќе останат овде, во Штип и ќе им помагаат на граѓаните од целиот источен регион“.

Ова, укажа тој не е само капитална инвестиција во објекти и опрема.

„Ова е инвестиција во знаење, во човечки капитал и во една поинаква иднина – иднина во која Штип не е само географски центар, туку образовен и здравствен стожер на нашата Источна Македонија“, заклучи Мицкоски.