Реклама
Македонија

Собранието утре избира нов Народен правобранител – 17 кандидати во трката, меѓу нив обвинители, заменици и искусни правници

Собраниската Комисија за избори и именувања утре ќе одржи седница на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за избори и именувања утре ќе одржи седница на која ќе се избере кандидат за нов народен правобранител, по заминувањето на Насер Зибери на половина мандат, поради исполнување на условите за старосна пензија.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека досега пристигнале вкупно 17 кандидатури. Прво ќе се разгледаат биографиите за да се утврди кои кандидати ги исполнуваат условите, по што Комисијата ќе пристапи кон избор. Ако се постигне договор, Комисијата ќе побара итна собраниска седница за истиот ден, на која ќе се гласа за предлогот.

За избор на нов правобранител потребно е квалификувано мнозинство од 61 пратеник, како и бадинтерово мнозинство – најмалку 20 од 39 пратеници од заедниците кои не се мнозинство. Владејачката коалиција располага со 14 пратеници од заедниците, додека останатите 21 се дел од опозицискиот Европски фронт и Алијансата на Таравари.

Реклама

Во трката за функцијата се пријавени 17 кандидати, меѓу кои има актуелни и поранешни функционери, вработени во институции и адвокати.

Список на пријавени кандидати:

  1. Башким Сејдиу – актуелен заменик народен правобранител
  2. Сузана Салиу – заменик народен правобранител
  3. Слаѓана Тасева – претседателка на „Транспарентност – Македонија“
  4. Ирена Иванова – адвокатка
  5. Едмонд Адеми – поранешен министер за дијаспора
  6. Љубомир Јовевски – поранешен јавен обвинител
  7. Моника Зајкова – поранешна пратеничка
  8. Наташа Илиева – државен советник
  9. Весна Бендевска – поранешна пратеничка
  10. Бајрам Мемеди – заменик народен правобранител
  11. Фатмир Адеми – поранешен државен секретар
  12. Илбер Хисени – вработен во кабинетот на претседателот на Собранието
  13. Марија Андоновска
  14. Муарем Муареми – поранешен директор на УЈП
  15. Горан Милевски – поранешен министер за локална самоуправа
  16. Фериде Исмаили – членка на Комисијата за помилување
  17. Бесим Ахмети – судија и поранешен заменик министер за правда

Изборот на нов народен правобранител треба да биде заокружен до крајот на неделава.