Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пожари во Прилепско

Петнаесет пожарникари со четири противпожарни возила се справуваат со пожарот кој избувна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет пожарникари со четири противпожарни возила се справуваат со пожарот кој избувна зад некогашните оранжерии во Прилеп. Гори сува трева и ѓубриште од бројните диви депонии на површина од околу 4–5 хектари, информираат од прилепската противпожарна единица. Околу пладне пожарот е ставен под контрола, но не и целосно изгаснат. За среќа, нема опасност за околните куќи. Најверојатно причина е човечкото невнимание или, пак, нечија свесна намера да предизвика пожар.

Освен овде, во прилепско останува активен пожарот во Мариовско, во атарот на с. Бешиште, каде веќе дваесетина дена гори ниска деградирана шума во крајно непристапен терен и на кој има и бројни неексплодирани бомби, поради што и гаснењето е речиси невозможно.