Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

🎥 Кекеновски: Обвинител без доверба е ризик за државата- изгласаната интерпелација за Коцевски не смее да се игнорира

Недовербата во јавниот обвинител е ризик за државата. Изгласаната интерпелација не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата во јавниот обвинител е ризик за државата. Изгласаната интерпелација не е само политички чин, туку силен јавен аларм. Обвинител кој ја игнорира јавноста, се брани со селективни цитати од европски извештаи и молчи за сериозни скандали, не заслужува ниту легитимитет, ниту толеранција смета универзитетскиот професор Јове Кекеновски. Според него, Љупчо Коцевски не е изолиран од политичка и демократска одговорност и затоа не смее да ја игнорира изгласаната недоверба.

  • Без разлика што изгласаната интерпелација не е обврзувачка, таа има сериозна политичка тежина. Поготово што таа е изгласана од мнозинство пратеници, што значи дека обвинителот ја изгубил довербата од оние кои го именувале а тоа се претставниците на граѓаните во највисокиот законодавен дом. Таа не треба да се игнорира. Иако има формално правна независност во одлучувањето, според член 27 од Законот за јавно обвинителство, тој одговара пред Собранието, што значи дека постои механизам на отчетност. Токму овој механизам сега е активиран, не како партиска иницијатива, туку како демократска потреба. Ако една институција не функционира, одговорноста најнапред ја носи првата личност на нејзино чело“ вели Јове Кекеновски – универзитетски професор.

Повеќе од јасно дека сите челници на правосудните органи само декларативно се залагаат за реформи, смета професорот, бидејќи по неколку месеци изгласана недоверба ниту еден од членовите на Судскиот совет не покажа доблест да поднесе оставка.

  • Тие свесно ги користат одредени пропусти во законодавството за да едноставно останат што е можно подолго на функцијата. Декларативно се залагаат за демек да има реформи во правосудството, но во суштина тие се најголемите кочничари и уназадувачи на демократијата каде што промовираат една неправда или селективна правда, која што е недозволива за една држава која што тежнее кон почитување на принципот на владеење на правото. И од таму што мене ме зачудува, зошто до сега ниту еден да собере храброст или доблест да си поднесе оставка“ смета Јове Кекеновски – Универзитетски професор.

Владата отпочна постапка за разрешување на Коцевски пред 4 месеци, но ја запре по трагедијата во Кочани. Тогаш Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за негова промена. Недовербата во јавниот обвинител владејачкото мнозинство ја искажа и вчера на гласањето, но не и опозицијата која го донесе на функцијата во последните денови од владеењето.