Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Нема да се упатуваат на поризични пожари, во тек е селекција на пријавените кандидати за пожарникари

Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за идни пожарникари, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за идни пожарникари, а наскоро ќе почнат и обуките, изјави на прес – конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Ангелов потврди дека новоизбраните пожарникари нема да бидат ангажирани на поголеми и поризични пожари.

-Јавниот повик за прием на млади пожарникари ќе помогне во борбата со пожарите. Денеска е втор работен ден од завршувањето на јавниот повик и сеуште трае административната селекција. Во наредните денови ќе почне обуката која ќе се одвива најмалку два дена, доволна за првостепена селекција. Веднаш потоа пријавените кандидати ќе бидат упатени на посериозна обука со која ќе почне изборот на лицата кои во наредните десттина денови ќе може да бидат упатени на поедноставни задачи. Лицата што аплицираа нема да бидат упатени за гаснење на поголеми и поризични пожари, истакна Ангелов.

Реклама

На денешната средба со претставници на средствата за јавно информирање, Ангелов апелираше граѓаните да внимаваат, и да ги проверуваат информациите што доаѓаат од разни социјални мрежи.

-Да се внимава и да се проверуваат информациите на разни социјални мрежи. Некои објавиле, а досега евакуација на цело село не се случила. Нема ниту денеска. Бидете внимателни кога како извор за информирање ги користите социјалните мрежи бидејќи пред се ненамерно се шири паника преку нив, слушаме за изгорени села, нешто што не соодветствува на вистината, нагласи Ангелов.