Реклама
Македонија

Општина Кисела Вода доби нова градинка со капацитет за 125 дечиња

Скопската општина Кисела Вода денеска доби нова градинка. Станува збор за целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопската општина Кисела Вода денеска доби нова градинка. Станува збор за целосно нов објект со капацитет за 125 дечиња. Изградбата чини 6 милиони денари, кои се целосна донација на Комерцијална банка.

Градоначалникот на Кисела Вода порача дека ова е само дел од поширокиот план за изградба, но и реновирање на градинките во оваа скопска општина, со што конечно ќе станат минато проблемите со листите за чекање за згрижување на дечињата.