Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Нов кол-центар во Фонд на ПИОСМ, бројот е 02/ 15 215

Во рамки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија работи нов кол-центар. Повикувачкиот број е 02/ 15 215, а граѓаните може да се јават од 8 до 16 часот, од понеделник до петок.

Во кол-центарот, како што информира Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, граѓаните можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на: старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, најнизок износ на пензија и остварување права со примена на меѓународни договори.

Можат да се добијат информации и за остварување права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место,непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица), остварување права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија и услови за остварување право за сместување во пензионерски дом.

Реклама

– ФПИОСМ со отворањето на новиот Кол центар прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги дава, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во негова надлежност, се наведува во соопштението.