Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во Вардар

Полициски и армиски специјалци и тим од Дирекцијата за заштита и спасување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски и армиски специјалци и тим од Дирекцијата за заштита и спасување од утринава ја продолжија акцијата за пронаоѓање на 16-годишното девојче кое вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци во близина на Градско.

Во акцијата се вклучени специјалци на МВР, со чамец и нуркачи, како и армиските „Волци“. На терен е и тим од Дирекцијата за заштита и спасување.

Акцијата за потрага траеше доцна во ноќта, но беше прекината поради немање соодветни услови.

Реклама

ЦУК вчера попладне добил пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во Вардар.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Екипите кои излегле на терен, жива ја пронајдоа и извлекоа 26-годишната жена.