Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Општина Прилеп потпиша договори за 12 проекти по втората транша од парите од унгарскиот кредит во вредност од 8 милиони евра

Парите од унгарскиот кредит се значајна финансиска инјекција за сите општини, особено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите од унгарскиот кредит се значајна финансиска инјекција за сите општини, особено што најголемиот дел од нив, во 2021 година наследија огромни долгови и речиси никакви проекти. Обидот, и покрај таквото незавидно „наследство“, сепак да се направи нешто корисно за локалните граѓани, со овие пари, се покажа како успешен, смета прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

„Кога дојдовме во 2021, со новата ЛС, немавме ниту еден готов проект..Да, имавме еден голем „проект“ за кој требаше да исплатиме околу 5 милиони евра заостанат долг…И да не редам уште многу заостанати работи. Успеавме тоа да го санираме, а ќе оставиме уште толку готови проекти колку што имавме побарано за 2025, значи готови проекти“, – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  За 2025 година, односно за втората транша пари од унгарскиот кредит, општина Прилеп веќе ги потпиша договорите за 12 проекти во вкупна вредност од 8 милиони евра. И заедно со трите лански проекти за кои општината тогаш доби 3 милиони евра, граѓаните на Прилеп ќе добијат вкупно 15 проекти во кои ќе бидат инвестирани преку 11 милиони евра за неполни две години.

Реклама

  „Во наредниот период следуваат, како проекти: реконструкција на дел од Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, изградба на мост на ул. „Победа“, реконструкција на влезот од Македонски Брод во Прилеп, нови детски игралишта во централното градско подрачје…Имаме изградба на водоснабдителен систем за село Лениште, потоа реконструкција на цевковод  во Индустриската зона и Манастирот кај село Селце, поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица, интеграција на СКАДА-системот со ГИС- платформа“, – открива градоначалникот Јовчески.

  Ова се само дел од проектите кои општина Прилеп треба да ги реализира согласно веќе потпишаните договори, а следствено на тоа, и одобрените средства од Министерството за ЛС. Тука влегуваат и изградбата на полуподземните контејнери на 21 локација низ градот, како и реконструкцијата на фасадата на ООУ „Рампо Левката“.

  Инаку, со првите пари од унгарскиот кредит, веќе наредната недела треба да започне изградбата на Кружниот тек „Табана“, како и на изградбата на дел од улицата „Победа“. А додека реконструкцијата на водоводот во населбата „Карабдалица“ во центарот од градот, веќе е целосно завршена.