Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Топлотниот бран ја гори Македонија: Aктивни се повеќе пожари, а најкритично е кај Василево, Берово и Радовиш

Од небо и земја се гасе огнената стихија која од ноќеска ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од небо и земја се гасе огнената стихија која од ноќеска ги зафати Малешевските планини. Над 200 луѓе, пожарникари, вработени во Национални шуми, доброволни противпожарни друштва и цивили,  од пламените јазици го бранат  сртот на планинат Готен, кој е природна граница помеѓу  Василево, Берово и Радовиш. Огнот кој беснеше во атарот на село Нивичино, општина Всилево, со помош на ветрот  вчера излезе од контролираните граници и почна да се шири кон беровско. По огнената линија се распородени околу 150 луѓе. Со булдожери и трактори се прват заштитни прстени, се чистат шумски патишта, а се активирани специјлизирани возила, пинцгауери и неколку крос мотори.

  „Ситуацијата е сериозна. Најголем дел од теренот е непристапен. Со возила, со жива сила колку можеме линијата ја ставаме под контрола, меѓутоа огнениот фронт е многу голем. Почнува ветер да има. Воздухопловите летаат и од воздух се истура вода на најкритичните точки„ вели Димитар Гошевски, командир на ППЕ-Берово.

 Пламените јазици зафатиле огромни површини. Претежно гори деградирана шума, но постои опасност огнот да зафати и неколку колиби, објаснива командирот на беровските пожарникари.

Реклама

“Има неколку објекти, каде не живеат луѓе, меѓутоа се одржуваат, овде има и пчелни семејства. На овие критични точки има стационирано луѓе. Станува збор за огромна територија„ посочув Гошевски. 

Освен на планината Готен, се уште се сериозни трите пожари во општините Македонски Брод, Прилеп и Желино. Под контрола е ставен огнот кој вчера го зафати Паркот на природата Езерани.

Од ЦУК информираат дека во изминатото деноноќие во државата се регистрирани 38 пожари, од кои 27 се угаснати.