Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

🎥 Од Нова година Прилеп ќе го добие првиот дневен центар за стари лица за активно стареење

Започна реконструкцијата на просторот од поранешниот Општествен дом „Рид“, каде за пет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реконструкцијата на просторот од поранешниот Општествен дом „Рид“, каде за пет месеци во Прилеп треба да профункционира првиот Дневен центар за стари лица за активно стареење. Стручните услуги на новиот Центар, со површина од 100 метри квадратни, ќе можат да ги користат 48 лица над 65 години, распоредени во две групи по четири часа дневно за група. Инвестицијата е вредна вкупно 7 милиони денари, од кои 2 милиони денари се за уредувањето на просторот, и 5 милиони денари за платите на четирите нововработени стручни лица, како и за тековните режиски трошоци, планирани согласно Програмата за активно стареење на корисниците.

„Овој грант е дел од посеопфатната политика на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади со поддршка на Светска банка за навистина да се овозможи пристап на услуги, согласно потребите на граѓаните, децентрализација на социјалните услуги и плурализација во овој дел“, – кажа Марина Тошеска од Центарот за едукација и развој од Прилеп.

Во овој Центар, корисниците ќе добиваат услуги на социјализација, здравствена поддршка, а воедно и услуги за едукативни и културни активности кои ќе бидат давани од вработениот професионален кадар.

Реклама

„Овој Проект претставува значаен чекор во остварување и градење на едно хумано, инклузивно и грижливо општество… Пред повеќе од една недела го потпишавме Договорот, односно грантот со Министерството, при што се обезбедија тие средства за остварување на овие социјални услуги. Тоа беше првиот чекор за реализација на овој Проект“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Реконструкцијата на објектот треба да заврши кон крајот на септември, по што, согласно Правилникот за воведување и воспоставување на социјални услуги, ќе следат законските административни активности. Потенцијалните корисници најпрвин треба да се пријавуваат во МЦСР во Прилеп. Инаку, во државава вакви центри веќе постојат во четири општини, а наскоро треба да се отвори и во Битола.