Реклама

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Прилози

🎥 Наскоро во Македонија и трет мобилен оператор – објавен тендерот

АЕК го објави тендерот за влез на трет мобилен оператор.Јјавниот  конкурс за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АЕК го објави тендерот за влез на трет мобилен оператор.Јјавниот  конкурс за доделување лиценци за радиофрекфенции се распишува откако  интерес пројавија три компании ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, која е подружница основана од унгарската 4иг, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и е& ппф Телеком Груп Б.В. 

Почетните цени на лиценците се движат минимум од над 2 милиони до над 4 милиони евра. Компанијата која ќе се квалификува да учествува на тендерот  ќе мора да  уплати гаранција во висина од 10% од почетната вредност на лиценцата за која конкурираат. АЕК може да издаде лиценца на 8 или на 12 години.

Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции за одобрението А1 изнесува 4.200.000 (четири милиони и двеста илјади) евра, за одобрението B1 изнесува 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) евра, за одобрението C1 изнесува 2.320.000 (два милиони и тристадваесет илјади) евра. Понувачите не смеат да понудат помал или ист почетен износ утврден во став 1 од овој член, стои во Одлуката за распишување на јавен тендер

Реклама

Инаку, претходно трите компании доставија писмо со намера до АЕК за влез на пазарот, откако агенцијата во април годинава објави намера за распишување тендер за нов мобилен оператор на барање на „оне македонија телекомуникации“ што е основана од групацијата 4иг. Тие важат и за најсериозен играч уште од август минатата година кога испратија и писмо со намери до македонската влада со кое понудија услуги за мобилна и фиксна телефонија. Кој се ќе се пријави на тендерот и ќе даде најдобра понуда за Македонија ќе се знае на 22 август кога треба да се отворат понудите.

Влезот на трет мобилен оператор се очекува да ја поттикне конкурентноста на пазарот со што би паднале цените и би се овозможиле подобри услуги за граѓаните. Дека е потребен нов играч на пазарот во неколку наврати потенцираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски . Според него постоечките оператори дејствуваат како дуопол и не нудат нови и подобри услуги на пазарот. Со влезот на нов оператор ќе се постигнат повеќе бенефити, државата ќе добие пари бидејќи лиценците се плаќаат, а ќе има нови инвестиции во телекомуникациската мрежа.

Според последните податоци од АЕК, заклучно со четвртиот квартал лани скоро 2 милиони користеле мобилен. Тогаш услуги нудеа шест оператори, Македонски Телеком, А1 Македонија, Лајкамобајл, Телекабел, Греен Мобиле и МТЕЛ. Според истражувањето на јавното мислење пак, АЕК се  покажало дека корисниците најмногу се незадоволни од цените на мобилната телефонија. 55,9% изразиле задоволство од трошоците за овие услуги.