„Чекор по чекор го зајакнуваме одбранбениот капацитет на нашата држава. Ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани. Во таа насока, заедно со Министертсвото за одбарна, успешно рерализиравме два значајни договори за набавка на нова, современа воена опрема која е целосно усогласена со НАТО-стандардите. Ова не е само набавка, ова е визија за Македонија како стабилна и сигурна држава, сила која што застанува на свои нозе“. Со овие зборови, премиерот Христијан Мицкоски денеска, на презентацијата во прилепската Касарна „Мирче Ацев“ ја поздрави набавката на новата воена опрема од турско производство, а наменета за АРМ. Станува збор за два веќе потпишани договори со Република Турција.
„Во рамките на првиот се набавени и веќе испорачани шест хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани бво текот на 2026 година. Со вториот договор обезбедена е набавка на опрема за хаубиците- системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делување на нашите единици“, – рече Хиристијан Мицкоски, претседател на Влада.
Со оваа опрема, се очекува, нашата Армија не само да биде помоќна, туку да биде и покординирана, попрецизна и поусолгласена со НАТО- стандардите,без притоа да има импровизации, застарена опрема и декларативна поддршка.

„Оваа нова опрема која што е дел од вооружувањето на Артилерискиот баталјон, артилериска батерија цо 6 хаубици BORAN, влијае нас сериозно зголемување на борбената готовност на Армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на Македонија и сигурноста на македонските граѓани…Еве тука пред нас се преку 130 шатори што се донирани директно од Р. Турција, но исто така и преку 3.900 комлети на борбена униформа кои се донирани од Турција, а договоривме и дополнителни снајпери, како и чизми кои терба да стигнат од Турција“, – посочи Владо Мисајловски, министер за одбрана.
На денешната презентација на воената опрема присуствуваше и турскиот амбасадор во земјава, според кого соработката на полето на одбраната претставува важен дел од билатералните односи меѓу двете пријателски земји.
„Напорот како приоритет на турската надворешна политика и важноста што ја придаваме на безбедноста и стабилноста во овој регион, кои ние не го сметаме за различен од нашиот е всушност основата на нашата воена соработка, онаа билатерална и мултиратерална платформа“, – кажа Н.Е. Фатих Улусој, амбасадор на Р. Турција во Македонија.
Инаку, со оваа новонабавена опрема, започнува реализацијата на една од клучните компоненти во рамките на Проектот „Опрема и муниција за индиректна огнена поддршка“ со кој се исполнуваат македонските обврски од Пакетот на НАТО-цели на способности зададени уште во 2021 година и потврдени со новиот Пакет на цели од 2025 година.
