Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

🎥 Мицкоски: За нас нема простор за играње со националните чувства, а Филипче сака да се пазари со Бугарите

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. И тоа е сосема нормално и очекувано, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Мицкоски се осврна на постапките, поточно кажувањата на претседателот на СДС, Венко Филипче.

„Филипче вика Бугари во Устав, зошто да не. А веднаш потоа и самиот признава, и самиот знае дека тоа не е единствениот услов, туку во игра е и јазикот, идентитетот културата. Тој свесно прифаќа да се прифатат бугарските барања и да се пазариме за наредната фаза, наредната црвена линија од која нема назад, идентитетот и јазикот. Е тука имаме голема разлика, нема попуштања и нема чекор назад, зошто веќе нема простор за играње со националните чувства“, кажа Мицкоски.

Реклама

Мицкоски вели „јас отворено зборувам за овие работи, без ракавици, зошто работам чесно, затоа што нема како нив да прифаќам се што ќе сервираат на маса, само за да се прогледа низ прсти за некаков криминален тендер што беше традиција во претходната влада“.

„Затоа ослободен од тој багаж јас ќе говорам и за дволичноста на Европа, за двојните стандарди што ни ги наметнуваат, за предолгото чекање и намаленото трпение, но и за лажливата опозиција потоната во скандали, која не е никаква алтернатива, туку рецепт за пропаст на Македонија. Ова не значи да се откажеме од европската иднина, и од нашето партнерство со пријателите од Европа, но секако значи дека нашата најглавна задача да се сочуваме себе си, да ја развиеме економијата и обезбедиме иднина за секој човек“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажува дека Владата е на вистинската страна на историјата.

„Другите се на погрешната. А ако ја видите цената за која се продале од опозицијата – иако може таа ним да им изгледа како многу пари, ќе видите дека е евтина. Впрочем, какви што се и нивните лаги. Какви што се и триковите што ги користат, и плановите што ги договараат зад грб на народот. Но времето на лагата завршува. Доаѓа времето на Македонија“, заклучи Мицкоски.