Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

🎥 Македонија ја гради енергетската независност со три нови проекти

Три крупни енергетски проекти за енергетска независност и стабилност на Македонија. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три крупни енергетски проекти за енергетска независност и стабилност на Македонија. За само една недела, стартуваше изградбата на ветерниот парк на Алказар енерџи, почна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, а турската Казанџи груп со полна пареа ја планира инвестицијата и веќе бара локации за изградба на когенеративни централи. Енергетските експерти задоволни. Со децении барале државата да инвестира во проекти што ќе го зголемат домашното производство, ќе го намалат загадувањето и ќе ја намалат цената на струјата, а тоа сега конечно се случува. Според Константин Димитров, изградбата на гасниот интерконектор ќе значи поголема стабилност во снабдувањето, пониски трошоци за производство за фирмите, но и заработка на државата од транзит на гас кон Србија. Токму продолжувањето на гасоводот од Клечовце до Ниш е клучен проект за гасот кој доаѓа од Грција да се транспортира до европските земји, а Македонија да стане важна енергетска крстосница на континентот.

Токму на поврзувањето на инвестициите во гасоводот, комбинираните електрани и топловодна мрежа можат да донесат и парно греење во некои градови и пониски трошоци за затоплување на тамошните жители. Димитров вели дека компанијата Казанџи Груп треба да избере локација кадешто има поголема густина на население за да ги изгради централитре и секундарната мрежа. Тие веќе ги разгледуваат градовите Куманово, Тетово, Гостивар како опции. Од инвестицијата на Алказар енерџи, пак, во ветерен парк од речиси половина милијарда евра ќе има нови работни места, удел во економскиот раст, профит за МЕПСО, зелена енергија за стопанството и почист воздух за сите.

Аналитичарите велат дека не треба да се запре овде. Проектите кои со години стоеле во фиока треба конечно да се реализираат. Еден од најважните е изградбата на хидроелектраната Чебрен. Според Димитров, таа треба да се изгради што поскоро и да биде во сопственост на државата. Засега е најавено дека таа би се финансирала преку стратешкото партнерство со Британија и би чинела 1,3 милијарди евра. Инвестициите во комбинирани централи, гасоводи, ветерни паркови, хидроцентрали и тоа како ја зајакнуваат позицијата на Македонија на енергетската мапа, ги намалуваат трошоците, а ја зголемуваат стабилноста во снабдувањето со енергија.