Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мишко Ралев ќе ја прифати улогата на губитнички кандидат на СДСМ за Скопје или се уште чека Филипче да го избере?

Венко Филипче јавно призна дека СДСМ нема кандидат за градоначалник на Скопје.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче јавно призна дека СДСМ нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДСМ е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче бледо се обидува да прикрие дека сеуште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова. Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДСМ за Скопје во трка која е однапред изгубена. Го прашуваме архитектот Ралев дали прифатил да биде губитнички кандидат или се уште чека Филипче да процени дали е доволно добар? Доколку некој од СДСМ воопшто прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје, колку да учествува во изборите, тоа единствено би можело да бидат некои од кадрите лојални на Заев и Филипче кои немаат таков луксуз да одбијат. Кој и да биде кандидат за градоначалник од СДС за Скопје знае дека ќе послужи како жртвено јагне за уште еден изборен дебакл на СДСМ. И СДСМ и Филипче знаат за неминовниот пораз што ги чека. Поддршката според анкетите за кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е огромна и победата е извесна уште во првиот круг, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако нема кој да прифати да биде кандидат за градоначалник за Скопје од СДСМ ќе мора Венко Филипче лично да се кандидира, додаваат од владејачката партија.