Реклама
Прилози

🎥 И покрај зголемената потрошувачка и нерационалното користење на водата, водоснабдувањето во Прилеп е стабилно

Екстремно високите температури во изминатите десетина дена енормно ја зголемија потрошувачката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екстремно високите температури во изминатите десетина дена енормно ја зголемија потрошувачката на вода во Прилеп, но водснабдувањето во градот останува стабилно. Единствено, повисоките градски зони повремерно се соочуваат со намален притосок, или со краткотрајно снемување на вода. Издашноста на изворот „Студенчица“ е во рамките на нормалата и засега нема потреба од вклучување на 10-те бунари, кои, исто така, се подготвени во секој момент да бидат ставени во функција, ако за тоа се укаже потреба, уверуваат од прилепското ЈКП „Водовод и канализација“.

„За нормално снабдување на град Прилеп, некој просек е 260 л/сек. кој што е доволен за градот да функционира нормално. Се случува во попладневните часови градот да троши 420 л/сек. Тоа е енромно голема количина…Сите резервоари се наполнети, изворот „Студенчица“ во моментов има добра издашност и немаме проблем околу количините на вода од страна на „Студенчица“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „ВиК“, Прилеп.
Според Гулабоски, тие неколку часа кога може во некои реони да снема вода, најчесто се резултат на несовесното користење на водата од страна на граѓаните во пониските зони. А ЈКП тука е технички немоќно за да може да интервенира на било кој начин.
„Притосоците, ние како ЈКП, не можеме да ги ускладиме само за тие неколку часа, за 5-6 часа кога граѓаните трошат енормна количина на вода. Ние како ЈКП, секоја година праќаме соопштение за рационално користење, тоа е молба од наша страна за рационално користење на водата, која што е вода за пиење, а не е за миење на коли, за миење на дворови, за полевање на зеленило и.т.н.. Но, за жал, тој апел наш не го почитуваат, а тоа можеме да го посматраме преку воведената „скада“ во ова наше претпријатие, така што знаеме во секој момент, електронски, колку вода се троши и каде“, – вели Гулабоски.
Во моментов од „Студенчица“ кон Прилеп доаѓаат околу 290 литри вода во секунда и од слободните извори околу 20 литри, или вкупно околу 310 литри што е сосема доволно за задоволување на потребите на градот и во овие жешки месеци, под услов водата да се користи совесно и рационално. Инаку, Прилеп, и покрај вклученоста во Регионалниот водовод „Студенчица“, сепак како последен корисник во системот, со години беше еден од градовите кој имаше сериозни проблеми со водоснабдувањето и стана своевиден синоним за „општина без вода“.