Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ќе нè спаси ли проектот „Безбеден град“ од брзите и бесни возачи? – Ноќеска поради брзо возење излета „Ауди“ од булеварот Партизанска

Уште една бурна ноќ на „Партизанска“ – повторно, тешка сообраќајна незгода –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една бурна ноќ на „Партизанска“ – повторно, тешка сообраќајна незгода – Возач со марка „Ауди“ возел со брзина далеку над дозволената и излетал од коловозот. По ударот во околните дрвја ја покосил безбедносната заштита на пешачката патека и автомобилот завршил во жардињериите покрај патот. За среќа пешаци во моментот на несреќата немало, а итната медицинска помош интерверинарала кај повредениот возач. Според првичните информации, причината за тешката сообраќајка е неприлагодената брзина. Посебно во летниот период неподносливо е да се живее на најфрекфентниот булевар во главниот град „Партизанска“.

Граѓаните се жалат на беснеење со мотори и ноќни трки со автомобили. Министерот Тошковски вели дека полицијата работи со полн капацитет, но спас за несовесните возачи ќе биде имплементацијата на системот „Безбеден град“. Законските измени се во тек, казните ќе бидат ригорозни дури ќе се конфискуваат и возила.

„За да можеме да го ставиме во функција овој систем потребно е отприлика да смениме едно шест, седум закони. Отпочната е постапка за секој од овие закони. Но, не само закони кои што се директно поврзани со имплементацијата на „Сејф сити“ како проект, туку и закони кои што треба да направат суштинска разлика и раздвојување од она безредие претходно, со она кое што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок. Граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина, во однос на оние кои што особено безобѕирно управуваат со моторни возила, надвор од секаков разум, секаков, ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило. Овој проект е отпочнат пред многу години, за жал неговата функционалност не е видлива до ден денеска, отпочнат е пред повеќе од ако не се лажам десетина години, надоградуван е од страна на претходната влада, надограден е и дополнително во последната година дена и се надевам дека конечно резултатот од истиот ќе го видиме. Во однос на вкупната сума не би можел да ви дадам одговор, затоа што ги немам тие податоци“.

Проектот „Безбеден град“, кој требаше одамна да функционира предходната власт го држела во фиока. Тошковски вели дека овој проект е отпочнат пред многу години, за жал неговата функционалност не е видлива до денеска. Министерот Тошковски уверува дека има напредок и намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но дека и покрај превземените мерки од Министерството се уште голем број луѓе ги губат животите по патиштата низ државата.