Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Преспа започна двегодишната програма за одржлив туризам во рамките на проектот „ЕУ за Преспа“

Извонредните и уникатни природни, културни и туристички потенцијали со кои располага Преспанскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извонредните и уникатни природни, културни и туристички потенцијали со кои располага Преспанскиот регион станаа дел од двегодишната Програма за одржлив туризам во рамките на Проектот „ЕУ за Преспа“, а реализран од УНДП. По објавата на трите јавни повици, а наменети за различни чинители од областа на туризмот, сега активностите ќе бидат насочени кон обуки и менторство за управување со сместувачки капацитети и развој на одржливи туристички производи и унапредување на односите со клиентите. А ќе има и повик за доделување на грантови на даватели на сместувачки услуги со цел унапредување на нивните капацитети, како и на граѓански организации за развој на одржливи туристички производи, бидејќи развојот на туризмот во Преспа претставува клучен столб на локалната економија, велат од Општина Ресен.

„Како што е уникатна и нашата Преспа со Националните паркови, со убавините, со езерото, така е уникатен и овој проект и се надевам дека ќе биде мотив не само да застенеме тука, туку и да отпочнеме една приказна и да мотивираме многу други“, – изјави Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Општинската администрација, во тесна соработка со централните власти и сите заинтересирани страни, посветено работи и на ревитализацијата на регионот, искористувајќи ја уникатната положба меѓу величествените национални паркови „Пелистер“ и „Галичица“. За таа цел, потпишан е и Меморандум за соработка помеѓу УНДП, Општина Ресен и двата Национални парка, за развој на интегрирана туристичка инфраструктура на отворено, којa ќе опфати обележување и уредување на 100 километри велосипедски патеки и 70 километри пешачки патеки, а кои ќе поминуваат низ заштитени подрачја во Преспа.

Реклама

„Иницијативата што ја потпишуваме денес е прва од таков вид, односно е уникатна и за првпат така обемна, со која ќе се даде поддршка на туризмот и туристичките продукти“ –рече Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП.

Инаку, “Проектот „ЕУ за Преспа“ е насочен кон одржливо управување и користење на природните ресурси во Преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патишта во земјоделството и туризмот. Во рамките на истиот Проект, во март годинава, започнаа и градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова Нога“ кој цели шеесет години е затворен. Тој ги поврзува Македонија и Грција и треба да биде ставен во функција кон крајот на идното лето. Неговата вредност е 14 милиони евра.