Реклама
Прилози

Македонска Каменица и Македонски Брод станаа „Северни“ на Фејсбук

Градовите Македонски Брод и Македонска Каменица, станаа северномакедонски. Единствените топоними во државата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градовите Македонски Брод и Македонска Каменица, станаа северномакедонски. Единствените топоними во државата, кои ја содржат придавката „македонски„ Фејсбук ги преименува, па сега корисниците доколку сакат да се означат на овие локации ќе им пишува Северномакедонски Брод или Северномакедонска Каменица. Промената  на имињата предизвика револт кај корисниците, кои ваквиот чин го сметат за навредлив. Сметат, дека на овој начин  се нарушува историскиот и културниот идентитет на двата града. Коментарите не стивнуваат. Корисниците на социјалните мрежи остро ги критикуваат политичарите кои се потписници на Преспанскиот договор..

„Полтичарите ни ја растурија државата„ „За да нема северномакедонска, само Каменица, може да бидеме…ова е само поради оние што не продадоа

Согласно обврските од Преспанскиот договор, имињата на градовите Македонски Брод и Македонска Каменица нема да се менуваат, па затоа на социјалните мрежи граѓаните бараат надлежните институции веднаш да се активираат и да се исправи грешката, со што ќе се заштити историскиот и културниот идентитет  на овие градови.