Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

22-годишник од Скопје со мотор удри во 72-годишен пешак и го усмрти на лице место

72-годишен пешак загина на лице место откако во него удрил мотоцикл на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

72-годишен пешак загина на лице место откако во него удрил мотоцикл на улицата „Шар планина“ во Скопје, а 22-годишниот мотоциклист е приведен и задржан во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила вчера, околу 13 часот, кога мотоцикл марка „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во 72-годишниот пешак К.Г., исто така од Скопје. Според информациите од полицијата, од ударот пешакот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

„На местото на настанот веднаш беше упатена увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, возачот на мотоциклот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Реклама

Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против М.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.