Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Николоски: Покажавме дека постои инженерски, а не политички проблем со железничкото поврзување со Бугарија

Упорноста во сите овие месеци и тоа што презентиравме дека постои инженерски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Упорноста во сите овие месеци и тоа што презентиравме дека постои инженерски, а не политички проблем, даде резултат и доведе до тоа Бугарија да ги преземе своите обврски за изградбата на пругата од Коридорот 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако изминатиот викенд се сретна со својот бугарски колега Гроздан Караџов во Истанбул.

-Ние подолг временски период имавме проблем да направиме средба. Морам да кажам дека дел од причините беа што 7 пати имаше избори во Бугарија во последните три ипол години, прв пат има постабилна влада, и ете се најде начин, во рамки на Форумот кој што се случуваше во Истанбул да се одржи една средба. Средбата беше долга и содржајна, влеговме во многу детали, но она што за мене е клучно е дека мора да расчистиме, дека од еден крајно инженерски проблем, се направи политички проблем и тоа е нешто што не смее да се дозволи да се случува во иднина, истакна вицепремиерот вицепремиерот Николоски.

Освен на политичкиот дел, Николоски се осврна и на суштинските прашања од изградбата на пругата кон Бугарија, каде потенцираше три важни точки на кои Владата инсистираше од самиот почеток.

Реклама

-Во однос на суштинскиот дел, ние од самиот старт кажавме три работи: Прво дека поврзувањето железнико со Бугарија, треба да е преку тунел, и тој мора заеднички да се изгради;

Второ, дека Македонија мора да го заврши својот дел од работата, но и Бугарија да го заврши својот дел од работата, и

Трето и можеби најважно, ние сакаме Скопје да се поврзе со Софија, а не со Крива Паланка, а од Софија и со Бургас и со Варна, со пристаништата на Црното Море, и за тоа да се случи Бугарија мора да ја модернизира својата железница, рече Николоски.

Тој подвлече дека после средбата со бугарскиот колега начелно постои согласност околу сите три прашања и дека Бугарија сега е согласна дека тунелот треба да се гради заеднички.

-За тоа ќе има средба во Брисел на експретско ниво на 16 јули, помеѓу експрети од Македонија, Бугарија и Европската Комисија. Второ, ќе се потпише и документ, како заедничка Декларација, ќе работиме за тој документ да се изработи што побрзо, со тимови од двете влади. Понатаму, Бугарија јасно кажа, дека ќе инвестира 1,5 милијарди евра, на потегот од Софија-Ѓуешево-Деве Баир, што е значајно ветување и е многу поразлично од она што беше претходно, рече вицепремиерот Николоски.

Гледајќи оптимистички на целиот процес, вицепремиерот најави дека е можно заеднички да се аплицира во ЕУ за грант средства за изградба на тунелот како симбол на поврзување на две земји.