Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината. Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра – 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска. Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата. Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање на силна, стабилна и конкурентна економија. Продолжуваме со мерки и проекти што носат резултати, развој и подобар живот за сите граѓани. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, нагласува Манасиевски.