Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Новото опремување на болниците во земјава ќе се прави во склад и со нивните кадровски можности

По обелоденувањето на неодамнешните фрапантни откритија од извесни ревизорски куќи дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обелоденувањето на неодамнешните фрапантни откритија од извесни ревизорски куќи дека во изминатите години се набавувале медицински апарати за милионски суми кои завршувале во болничките подруми, новите менаџери во болниците ширум земјава, сега коренито ја менуваат тактиката за набавка. Според нив, за добивање квалитетни здравствени услуги, освен опременоста, многу битен фактор се и кадровските можности на установите, односно обученоста на докторите кои што ќе треба да работат со нив.  

    „Значи, сета опрема што ја набавуваме е во консултација со стручниот колегиум од одделенијата..Во минатото, значи се купуваа апарати, меѓутоа не се консултираа докторите и стручниот колегиум за каков апарат да се земе. Сега, првин правиме анализи со докторите какви апарати им требаат и такви гледаме да земеме“ – вели д-р Кире Јоноски, директор на Општа болница Прилеп.

   Токму во таа насока беше и денешната донација во прилепската Болница од Мермерниот комбинат на софистициран Коронарен стрес-тест апарат (КСТ), во вредност од над 20.000 евра, а наменет исклучиво за Интерното одделнеие. Овој апарат ќе им овозможи на пациентите од ЈЗ регион повеќе да не треба да патуваат во другите градови, уверуваат од болницата.

Реклама

   „Методата – Стрес-тестот или ергометрија е неинвазивна, но доста вредна метода во кардилогијата, бидејќи е лесна за изведување, а од практичен и од научен аспект ни е потребна, бидејќи ги дијагностицираме сите случаеви каде што имаме нејасна причина за градна болка или рана детекција на коронарна-артериска болест“, – рече д-р Александра Милеска- Благојевска, спец.кардиолог во Општа болница Прилеп.

  „Оваа најсовремена опрема директно ќе ја подобри способноста на болницата да идентификува кардио-васкулрани проблеми, честопати и пред тие да станат опасни по живот. Посветени сме на виталната поддршка на нашите здравстверни работници и обезбедување на пристап до најдобрата можна грижа за нашата заедница“ – изјави донаторот Василеиос Анагностоу – Мермерен комбинат, Прилеп.

    Инаку, ова е втора донација неделава за прилепската Болница, откако вчера Компанијата „ВИК“ донираше софистициран апарат за видео-електро енцефалографија за потребите на Одделението за детски болести.