Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски: Образованието треба да биде нашето најсило оружје за раст и обезбедување на иднина

Преку министерството за Локална самоуправа се отпочна со најголемиот капитален проект за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку министерството за Локална самоуправа се отпочна со најголемиот капитален проект за капитални градби по општините, соопшти премиерот на Владата, Христијан Мицкоски на настанот по повод една година од работата на Владата.

Тој потенцира дека се одобрени 288 проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика, дека има огромен интерес на вториот јавен повик – 887 проекти во 80 општини се во фаза на евалуација, дека се реализирани 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија.

„Образованието треба да биде нашето најсило оружје за раст и обезбедување на иднина. За прв пат после 7 години во учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок.Испечативме над 100 нови наслови за средното стручно образование, изјави Мицкоски.

Реклама

„Изградивме 7 нови училишни објекти. Реконструиравме 20 училишни објекти. Изградба на 4 училишни спортски сали, студените добиваат нови згради, се одблокира изградбата на факултетските објекти на ФИНКИ и ФФК, инвестициски циклус од 2 милијарди денари, најголем влог во образованието досега – Обезбедени 38 милијарди денари за образованието во 2025 година, обезбедивме 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година“, истакна премиерот.

„Обезбедивме 274 милиони денари за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, МАНУ и компаниите кои соработуваат со академската и научната фела.

Обезбедивме на бесплатен пристап до научните бази SCOPUS и WEB OF SCIENCE за сите научници, професори и студенти на државните универзитети, со што на располагање ќе имаат литература и трудови кои ќе го стимулираат нивниот труд и креативност.

Проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк и за сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и за постдипломците.

Обезбедивме на над 12% повисоки плати за наставниот кадар и стручниот персонал во основните и средните училишта, 14% повисоки плати на професорите на факултетите, потпишана согласност за раст на платите до 60% во следните 4 години.

Во тек е темелна реконструкција на два студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во вредност од 17 милиони евра. Обезбедивме 50 милиони евра за 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, изјави Мицкоски.