Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Бугарија се подготува за утрешниот пораз во ЕП: Извештајот немал правно обрзувачка природа, залелека Георгиев

Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија нема меѓународно правно обврзувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа. Ниту еден обид за заобиколување на консензусот за Македонија од 2022 година нема да биде успешен, бидејќи Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот и слични формулации. Ова денеска како најава за утрешниот резултат во ЕП помалку го изјави шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев пред бугарските медиуми во Брисел, каде учествуваше на вонрееден состанок со неговите колеги.

На прашањето кои се неговите очекувања за утрешното гласање за нацрт-извештајот за  Македонија во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент, Георгиев смета дека тој процес нема да ја игра улогата на некои од југозападните соседи и нивните лидери.

„Не сметам дека извршната власт треба да се меша во работата на парламентот“, кажа тој.

Реклама

Посочи дека исклучително се засрамени од тоа што политичарите знаат каков ќе биде крајниот резултат од овие извештаи, вклучително и го предвидуваат развојот на настаните по тоа прашање.

„Нашите европратеници работат исклучително активно. Тврдиме дека Европскиот парламент не е оној што има надлежност да изразува мислења за прашања, како што се идентитетот и јазикот. Институциите на Европската Унија не треба да се користат за инструментализарање на една или друга политика. Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година нема да биде успешен, бидејќи ќе наиде на решителен отпор од Бугарија“, вели Георгиев.