Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.

„Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 24 часа овозможија донацијата да стигне до нас“, велат од „Супорт Кочани“.

Се додава дека донацијата е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.